Top Sport

Лондонска пресметка за титулата во ЛЕ

Ривалите од Лондон, Челси и Арсенал, вечерва во Баку ќе го одиграат финалниот меч во Лига Европа. Дуелот во Баку ќе биде 198 пресметка на Арсенал и Челси. Повеќе победи 78-63 имаа Арсенал.

Кога веќе стигнале до финалето јасно е дека и едните и другите ќе го нападнат трофејот, иако Арсенал со победат во финалето ќе ја спасат сезоната. Математиката е јасна со победа вечерва Арсенал наредната сезона ќе играат во Лигата на шампионите, додека Челси низ Премиер лигата веќе си го обезбедија настапот во елитното натпреварување.

Добра работа за Арсенал е што за тренер го имаат експертот за ова натпреварување. Унаи Емери со Севилја три години по ред ја освојувал Лига Европа.

„Верувам во мојот тим, можеме да го освоиме пехарот и да се вратиме во Лигата на шампионите. Шансите се исти како и во моментот кога ја почнавме сезоната во ЛЕ, ќе биде тешко. Пред нас е голем предизвик“, рекол Баскиецот Емери.

Од друга страна Маурицио Сари 29 години работи како тренер и досега не успеал да освои ниту еден трофеј. Сигурно е дека овој податок ќе му биде голем мотив.

Покрај тоа Италијанецот изминатите денови е го привлекува вниманието и поради шпекулациите дека тој ќе биде новиот тренер на Јувентус.

„Размислувам само за финалето. Со Челси имам договор на уште две сезони, сега не е момент да се разговара на некоја друга тема. Сакаме да го освоиме трофејот“, рекол Сари.

Двата тима, како сега стојат работите ќе бидат без своите „седумки“ на теренот. Политиката ги вмеша прстите во случајот на Хенрик Мхитаријан. Играчот на Арсенал воопшто не допатува во Азербејџан. Кај Челси под голем знак прашалник е настапот на Нголо Канте. Францускиот репрезентативец ја обновил повредата на коленото.

Финалето во Лига Европа ќе започне во 21 часот.

Финалето во Лига Европа низ бројки

Scroll to Top