Арсенал успеа да се врати од 3:0 негатива по само половина час игра, за да одигра 3:3 на гости кај Вест хем во трилер-дерби на Лондон, полно со голови, автоголови и шанси.
Џеси Лингард во 15. минута постигна фантастичен гол за водство на „чеканите“, а Џерод Боуен само две минути подоцна зголеми на 2:0, за Томаш Соучек да ја пренасочи топката на Микел Антонио во 32. минута за неверојатни 3:0 по 33 минути игра.
Чехот Соучек, потоа, си постигна гол и на другата страна во 38. минута, но Вест хем имаа два гола предност на полувреме. Крег Досон во 61. минута си постигна уште еден автогол за 3:2, пред Александер Лаказет во 82. минута да израмни на 3:3.
Вест хем се на петтото место на табелата со 49 поени, додека Арсенал се деветти со 42 поени.