Тренерот на Реал Мадрид, Хулен Лопетеги, верува дека Герет Бејл ќе може да го надомести заминувањето на Кристијано Роналдо.
Минатата сезона, поради повредите и лошата форма, Велшанецот не беше стандарден кај Зиндин Зидан, а блесна со два гола во финалето во Лигата на шампионите.
„Герет е среќен што игра во Реал Мадрид. Кристијано Роналдо е еден од водечките играчи во поновата историја на Реал, но тој сакаше да замине и клубот тоа му го овозможи. Бејл е извонреден играч со толку многу квалитети и тој може да ја пополни празнината што настана со заминувањето на Роналдо“, рекол Лопетеги.
Велшанецот игра во Реал од 2013 година, кога за сума од 87 милиони фунти пристигна од Тотенхем.
„Бејл и Бензема работеа екстремно добро и ќе бидам среќен доколку тоа ќе биде тимот со кој ќе ја почнеме сезоната. Ова е фантастична шанса за Бејл да го покаже својот талент“, заклучил тренерот на Реал Мадрид.
„Кралскиот клуб“, новата сезона во Ла Лига ќе ја отвори на домашен терен , против Хетафе на 19.август.