Top Sport

Лопетеги: Добро е што ги имаме Бејл и Бензема

Новиот тренер на Реал Мадрид, Хулен Лопетеги, рекол дека „кралскиот клуб“ започнува нова ера. Шпанскиот тренер, вечерва, ќе дебитира на официјален меч на клупата на Реал. „Кралскиот клуб“ против градскиот ривал Атлетико, во Талин, ќе се бори за првиот трофеј во сезоната, Суперкупот на УЕФА.

Лопетеги на клупата на Реал го наследи Зинедин Зидан, кој успеа на клубот да му донесе три титули во низа, во Лигата на шампионите.

„Зизу направи нешто неверојатно, освои многу титули, но тој сега е минато. Мораме да се фокусираме на иднината, да продолжиме да освојуваме трофеи и да бидеме што е можно подобри. Не смееме да гледаме во минатото, сега не и потребна макотрпна работа“, рекол Лоптеги.

Покрај Зидан, клубот во преодниот рок го напушти и најдобриот играч Кристијано Роналдо, Реал не донесе голема ѕвезда на местото на Португалецот, поради што се очекува негова замена да биде Герет Бејл.

„Добро е што Бејл е со нас, тој е долги години во клубот. Од почетокот на подготовките е одличен, мотивиран е и знае колку е важен играч за овој тим. Не сакам да зборувам каков бил претходно, сега работам со него и многу сум задоволен. Истото важи и за Карим Бензема. Тој исто така е важен играч за овој тим, секогаш ми се допаѓал неговиот стил. Неговото однесување е беспрекорно од првиот ден“, дополнил новиот тренер на Реал.

Натпреварот во Суперкупот на УЕФА се игра вечерва од 21 часот во престолнината на Естонија, Талин.

Scroll to Top