Top Sport

Лопетеги е новиот тренер на Вулверхемптон

Шпанскиот тренер, Хулен Лоптеги кариерата ќе ја продолжи во Премиер лигата. Лоптеги е новиот менаџер на Вулверхемптон. Клубот претпладнево ја потврди информацијата на социјалните мрежи.

По еден месец без менаџер, Волвс најде замена за Бруно Лаз. Португалецот доби отказ на 2. октомври, а веднаш беше јасно дека прв „пик“ на Вулверхемптон е Хулен Лопетеги.

Шпанскиот стручњак прво ја одби понудата, меѓу другото и поради здравствената состојба на неговиот татко. Еден месец подоцна тој се премисли.

, но сега сепак го потпиша договорот.

„Тој е врвен тренер со големо искуство. Од почетокот тој беше нашиот прв избор и едвај чекаме да му посакаме добредојде“, изјави првиот човек на клубот Џеф Шеа.

Лопетеги доаѓа од Севиља каде во претходните сезони имаше одлични резултати со која ја освои Лигата на Европа во 2020 година, но доби отказ поради лошите настапи оваа сезона. Во минатото беше тренер и на Реал, Потро, Рајо Ваљекано и шпанската сениорска и младинска репрезентација.

Официјално Вулвс ќе ги преземе за време на паузата од Светското првенство што следи на 14. ноември.

Како тренер на Вулверхемптон ќе дебитира на 26.декември против Евертон.

Scroll to Top