Тренерот на Реал Мадрид, Хулен Лопетеги, изјавил дека во тимот со „раширени раце“ го чекаат Лука Модриќ.
Најдобриот играч на Светското првенство во Русија, наводно имал намера да го напушти Реал, а најзаинтересирани за неговите услуги се во Интер.
Тренерот на Интер, Лучано Спалети, вчера изјавил дека сонува за трансферот на хрватскиот интернационалец.
Од друга страна претседателот на Реал, Флорентино Перез, ги негира шпекулациите дека Модриќ ќе замине. Тој рекол дека нешто такво е можно само доколку Интер ја плати клаузулата од 750 милиони евра.
„Јасно е дека Модриќ е фантастичен играч, го чекаме да се врати во тимот со „раширени раце“. Според планот тој треба да ни се приклучи на 8.август. Се уште не сме сигурни дека ќе биде подготвен за првиот предизвик оваа сезона. Се радувам што ќе работам со него“, рекол Лопетеги.
Реал, на турнејата во САД, ќе одигра уште еден меч, в среда против Рома, а официјалниот старт на сезоната ќе го има на 15.август против Атлетико во Суперкупот на УЕФА.