Top Sport

Лопетеги инсистира дека не се плаши од отказ

Тренерот на Реал Мадрид, Хулен Лопетеги вели дека неговата позиција не е загрозена во моментов и покрај тоа што клубот е во најголемата „суша“ без голови по цела деценија, покажувајќи на табелата во Шпанија, каде што тие се заеднички лидери со Барселона.

Лопетеги потпиша за Реал во јуни откако беше отпуштен од позицијата шпански селектор пред стартот на Мундијалот во Русија, и додека старто беше солиден, критиките се зголемија по 1:0 поразот на гости кај ЦСКА Москва во Лигата на шампионите, меч кој следеше по ремито без голови со Атлетико Мадрид и високиот 3:0 пораз од Севилја во Ла лига.

„Не анализирам што размислуваат луѓето. Работиме секојдневно да бидеме подобар тим. Целите на клубот се јасни и достижни. Ги почитувам сите мислења, но логично е клуб како Реал Мадрид секогаш да е под лупата. Но, оценувајте не за тоа што ќе направиме до крајот на сезоната“, вели Лопетеги.

Реал гостуваат на Алавес во сабота во Ла лига, и првпат немаат постигнато гол во три меча од сезоната 2006/07, кога ја освоија титулата во Шпанија во последното коло. И покрај ова, Реал се на второто место на табелата со 14 поени, исто колку и Барселона, која е лидер поради подобра гол-разлика.

„Имаме ист број на поени како лидерите во лигата, а во Лигата на шампионите ќе ја вратиме формата како против Рома. Сега, се фокусираме на Алавес, тим кој нема пораз шест меча и кој мораме да го победиме“, додава тренерот.

Фото: ЕПА

Scroll to Top