Тренерот на Реал Мадрид, Хулен Лопетеги, рекол дека целта на тимот е оваа сезона да ги освои сите трофеи, а потоа го предупредил Лионел Меси да не се сомнева во „кралскиот клуб“.
Аргентинецот пред неколку дена изјави дека реал е значително послаб без Кристијано Роналдо и дека неговиот трансфер во Италија, го направил Јувентус еден од најголемите фаворити за титулата во Лигата на шампионите.
„Немам никаков сомнеж околу мојот тим. Работевме на вистински начин, а ова е само почеток на сезоната. Допрва доаѓа Лигата на шампионите. Освоивме девет бода во првите три натпревари во домашното првенство. Играчите полека треба да влезат во посакуваната форма, ќе видиме што ќе се случува. Наша цел се сите трофеи“, рекол Лоптеги.
Кристијано Роналдо, кој за 100 милиони евра се пресели во Јувентус, се уште нема постигнато гол во Серија А за својот нов клуб.