Top Sport

Лук Шо: Ќе останев без една нога

Фудбалерот на Манчестер јунајтед, Лук Шо, рекол дека можел да остане без ногата, кога во 2015 година се здобил со двојна фрактура, на натпреварот во Ајндховен против ПСВ, во Лигата на шампионите.

„Би лажел кога не би рекол дека размислував да ја завршам кариерата. Имаше многу компликации со таа повреда, минував низ тежки моменти“, им изјави Шо на англиските медиуми.

Тој истакнал дека е привилегиран што повторно може да игра фудбал на највисоко ниво.

„Никој не знае дека можев да останам без една нога, поради згрутчување на крвта. Тоа не го знаев ниту јас, докторот ми го кажа дури по шест месеци“.

Шо, во јуни 2014 година, на 18-годишна возраст се пресели во Јунајтед. Тогаш тој стана најскапиот тинејџер во историјата на фудбалот, бидејќи Манчестер јунајтед на Саутемптон за неговиот потпис му плати 27 милиони фунти.

Scroll to Top