Сите „знаци“ велат дека Хулен Лопетеги е пред отказ. Ако шокираше начинот на кој Лопетеги дојде на клупата на Реал Мадрид, по сѐ изгледа уште пошокантно ќе биде и неговото заминување по три месеци на „жешката клупа“.
По „потопот“ од 5:1 до Барселона, поранешниот шпански селектор кој беше отпуштен на два дена пред стартот на СП поради преговорите со Реал Мадрид, не бараше оправдувања.
„Сите знаеме како функционира светот на фудбалот, конечната одговорност секогаш е кај тренерот. Сите победуваме и губиме, но ова е премногу. Во првото полувреме им дадовме премногу да ја контролираат топката, и потоа од 3:1 мечот беше завршен. Јас не сум тој кој прави одлуки, но верувам во овој тим и тоа е мојата одговорност. Сите сме тажни во соблекувалната, но сакам да имаме сила да ја вратиме довербата во тимот“, вели Лопетеги.
Фото: ЕПА
Ел Класико во знакот на Луис Суарез! Пукна „петарда“ на „Ноу Камп“ (галерија+видео)