Top Sport

Марсијал ја оправда довербата и донесе победа за Јунајтед (видео)

Манчестер јунајтед ја забележа својата петта победа во 10. коло во Премиер лигата, минувајќи ги Евертон со 2:1 за да ги „прескокнат“ на осмото место на табелата и да ја прекинат низата од три победи на „карамелите“.

Јунајтед дојдоа во водство во 27. минута, кога Антони Марсијал беше фаулиран во шестнасетникот на Евертон, а Пол Погба прво директно го погоди голманот Џордан Пикфорд, за одбиената топка да ја смести во мрежата.

Марсијал, кој доби шанса да биде стартер од Жозе Мурињо, самиот се запиша во листата на стрелците во 49. минута, кога постигна апсолутно фантастичен гол од работ на шестнаесетникот.

Сепак, како многупати оваа сезона, работите не одеа толку едноставно за „ѓаволите“. Во 77. минута Крис Смолинг направи непотребен фаул во шестнаесетникот за гостите да добијат шанса да намалат од белата точка преку Гилфи Сигурдсон за нервозни последни четврт час на „Олд Трафорд“.

Фото: ЕПА

Scroll to Top