Поранешниот тренер на Реал Мадрид, Хулен Лопетеги, жали што не добил повеќе време за работа во „кралскиот клуб“. Лопетеги е убеден дека за една година ќе ги средел работите.
Хулен Лопетеги го наследи Зинедин Зидан во јуни минатата година, откако францускиот тренер се повлече од функцијата по освојувањето на третата последовна титула во Лигата на шампионите.
Отказ доби во октомври по поразот од Барселона на „Ноу Камп“ од 5:1.
„Колективно работев на тоа да го унапредам целииот тим. Да имавме седум бода помалку, но зад нас беа три недели во кои немавме среќа да постигнеме гол. За 12 месеци сите тие работи ќе се избалансираа. Бевме среќни од однесувањето на играчите и верувавме во тоа што го работиме. Во Мадрид работите се одвиваат брзо, се трудевме да истраеме во она што ему потребно на овој тим, но не добивме доволно време“, се пожалил Лопетеги.
На местото на поранешниот шпански селектор, во октомври минатата година, седна Сантијаго Солари, кој доби отказ по елиминацијата од Ајкас во четврт-финалето во Лигата на шампионите.