Менаџерот на Вулверхемптон, Хулен Лопетеги вели дека можел да им помогне на судиите со снимките кои ги има направено неговиот тим откако на Вулфс им беше поништен гол во 80. минута од 2:2 ремито со Ливерпул во ФА купот поради офсајд, кој според сите снимки беше „непостоечки“.
Тоти Гомеш постигна гол во 80. минута, но судијата и ВАР одлучија тој да биде поништен поради офсајд при акцијата, по што на „ИТВ“ беше објаснето дека ниту еден агол од камерите на ВАР системот не можел да оцени дали Матеуш Нунеш по изведувањето на корнерот бил во офсајд кога топката била вратено до него. Поради ова, првичната одлука на судијата беше валидна и двата клуба ќе играат повторен меч на „Молињу“.
„Офсајдот едноставно не постои, го видовме тоа. Извинете, ова е неверојатно. Некој му кажа на судијата дека е офсајд, но ги видовме снимките и фотограафиите, тој е непостоечки. Одлуката е погрешна. И јас правам грешки секој ден, а понекогаш тоа го прават и судиите. Зошто сум толку сигурен? имаме наши тактички камери. Ги видов снимките, можеби и судијата требаше да ги види“, вели Лопетеги.
The law of football and use of VAR at Anfield is proving an utter joke 🤡.
Salah offside, goal given by VAR.
Wolves score, no real sign of any offside, goal cancelled out by VAR.
An utter travesty of a system which seems geared towards any top 4 bias. pic.twitter.com/az0txz0am2
— Dr Herman Kinene (@kineneherman) January 7, 2023