Top Sport

Лос Анџелес е можна дестинација за Месут Озил

Лос Анџелес ФЦ се заинтересирани да го донесат Месут Озил во американската МЛС лига, за да го „спасат“ од суспензијата под кој се наоѓа во тимот на Фенербахче, вели неговиот долгогодишен пријател и поранешен турски репрезентативец, Ридван Дилмен.

Озил пристигна во клубот за кој навиваше како дете во јануари 2021 откако Арсенал му го раскинаа договорот по осум години, и иако има договор да остане на „Шукру Сарачоглу“ до 2024, тој е во конфликт со тренерот Исмааил Картал и беше суспендиран во средината на март.

„Се среќавам со Месут секои две недели, знам дека има интерес од Лос Анџелес. Веќе видов и пишани пораки за тоа. Ќе видиме дали ќе се согласат на трансфер“, изјави Дилмен за „ТРТ“.

Агентот на Озил, Ергут Согут, пак, вели дека тој би сакал да остане во Фенер и дека чека проблемите да се надминат.

„Месут не оди никаде, ниту има план за одење. Има две години до крајот на договорот и ќе продолжи како фудбалер на Фенербахче“, изјави Согут.

Scroll to Top