Top Sport

Рангник: Четири засилувања не се доволни за Манчестер јунајтед

На Манчестер јунајтед му е потребен целосен „ремонт“ ова лето доколку сакаат да се натпреваруваат со ривалите во Премиерлигата, смета преодниот менаџер Ралф Рангник, објаснувајќи дека „четири засилувња не се доволни“ да се крене тимот кој не освоил лигашка титула од пензионирањето на Алекс Фергусон во 2013.

„Ѓаволите“ се петти на табелата со три поени зад четвртопласираниот Тотенхем пред вечерашното дерби против Ливерпул на „Енфилд“, а Рангник полека се подготвува за почетокот на двегодишната улога како консултант на клубот, со Ерик Тен Хаг од Ајакс како постојана замена.

„Фудбалерите треба да го дадат својот максимум без разлика кој ќе биде следниот менаџер, и ако биде потврден за две-три недели, тоа нема да ја смени ситуацијата во која сме. Секако, важно е да постои стабилност, да почне периодот на ангажирање на фудбалери кога ќе се знае кој е менаџер и како сака да игра. Има неколку фудбалери, кои ги посочив на бордот на клубот, кои се независни од било која формација или стил на игра. Но, во основ, нашиот тим треба да биде повторно изграден. Не е доволно да се донесат три-четири нови имиња. Треба повеќе нови фудбалери бидејќи на многумина им завршува договорот. Освен на голманското место, мора да има засилување во сите области“, вели Рангник.

Договорите на Пол Погба, Немања Матиќ, Хуан Мата и Џеси Лингард завршуваат на крајот на сезоната, неизвесн е иднината на Антони Марсијал, Маркус Рашфорд и Единсон Кавани, додека во одбранатаа не успеаја да импресионираат ниту Хери Мегваер, ниту Арон Ван-Бисака, Виктор Линделоф, Ерик Баји, Лук Шо и Алекс Телес.

Scroll to Top