Винченцо Монтела откако беше ангажиран како тренер на Севилја изјави дека шпанскиот клуб е сосема различен од неговиот претходен тим Милан, но резултатите недостасуваат и тука.
По поразот во градското дерби од Бетис, Севилја загуби и на гостувањето кај аутсајдерот Алавес со минимални 1:0, иако домаќините мечот го завршија со 10 играчи.
Човек на одлука беше Ману Гарсија во 51. минута по една долга акција пред голот на Севилја. Со триумфот, Алавес излезе од „опасната“ зона и сега има 18 поени на 17. место, два повеќе од 18-пласираните Депортиво Ла Коруња.
Севилја пак, има пет натпревари без победа, но останува на шестото место со 29 поени, два помалку од петопласираниот Вилјареал. Монтела на клупата на Севилја го замени Едуардо Берисо, кого шпанскиот клуб неочекувано го отпушти само неколку дена откако тој излезе од болница по третман на рак на простатата.