Top Sport

Лоша инвестиција – Во Барса е 889 дена, од нив 350 дена минал на рехабилитација

Усман Дембеле во Барселона пристигна летото во 2017 година како замена за Нејмар. Каталонците голем дел од парите што ги добија од рекордниот трансфер на Нејмар (222 милиони евра) ги вложија во младиот крилен напаѓач на Борусија Дортмунд.

Барселона за Дембеле платија 125 милиони евра, а тогаш 20 годишникот доби фиксна плата, без бонуси, од 12 милиони евра.

Две и пол години подоцна инвестицијата на Барселона се покажува како катастрофална. Дембеле има одиграно само 74 натпревар на кои постигнал 19 гола и забележал 17 асистенции..

Во последната година тој десет пати бил повреден.

Најновата повреда ја доживеа вчера на претпладневниот тренинг на Барселона. Според шпекулациите на новинарите кои ја следат Барселона тој ја обновил повредата на бутниот мускулот поради која паузираше од ноември минатата година.

Новинарот на каталонското радио и телевизија, Франсеск Гарига, пресметал дека Дембеле во Барселона е 889 дена, а 350 дена се лечел од разни повреди.

Scroll to Top