Top Sport

Секогаш кога слави роденден Нејмар е повреден

Напаѓачот на ПСЖ Нејмар поради повреда ќе го пропушти вечерашниот натпревар против Нант. Случајно или не Нејмар во овој период од годината секогаш е повреден.

Клубот, ден по роденденот на Нејмар објави дека фудбалерот е повреден. Нејмар во неделата во една дискотека во париз го прославил својот 28 роденден.

Поради тоа медиумите во Франција се сомневаат во повредата на Бразилецот. Уште од времето кога беше во Барселона секогаш е имал проблем со повредата во деновите околу неговиот роденден, а истото важи и кога неговата сестра го прославува роденденот. Разликата е таа што кога тогаш е „повреден“ се лекува во Бразил.

Клубот објави дека Нејмар по мечот со Монпелје, во саботата, претрпел „хронокостална лезија“.

Инаку Нејмар го одигра целиот меч против Монпелје и постигна еден гол во победата 5:0.

Scroll to Top