Top Sport

Лоша копија на пеналот кој го изведоа Меси и Суарез: Романци станаа хит на интернет (Видео)

Двајца играчи на Брасов, клуб кој се натпреварува во романската четврта лига, станаа хит на социјалните мрежи откако се обидоа да изведат пенал во стилот на легендите на Ајакс Јохан Кројф и Јаспер Олсен.

Пеналот на легендите на Ајакс во февруари минатата година успшено го ископираа напаѓачите на Барселона, Лео Меси и Луис Суарез, во победата над Селта 6:1.

Комедијата настана кога играчот на Брасов се лизна, но некако успеа да му ја додаде топката на соиграчот кој постигна гол за 1:0. Судијата го призна голот иако играчите на Стеагу бурно протестираа. на крајот суелот заврши 1:1.

Scroll to Top