Top Sport

Мароко ќе игра во Русија, а само еден од стартниот тим е роден во таа држава

Фудбалската репрезентација на Мароко по 20 години повторно избори пласман на светско првенство. Во решавачкиот дуел Марко славеше над Брегот Слонова коска 2:0.

Интересно во решавачкиот дуел на дуелот во Абиџан во репрезентацијата на Мароко играше само еден фудбалер кој е роден во оваа држава.

Голманот Мунир (Нумансија) и дефанзивецот Хакими (Реал Мадрид) се родени во Шпанија, Бенатиа (Јувентус), Саис (Вулверхемптон), Белхада (Галатасарај) и Бутаиб (Малатија) се родени во Франција, а во Холандија се родени Ел Ахмади (Феенорд), Бусуфа (ал Џазира), Зијех (Ајакс) и Амрабат (Феенорд).

Единствен кој е роден во Мароко, во Казабланка е дефанзивецот на Фенербахќе Набил Дирар.

Scroll to Top