Top Sport

Лоши вести за Димитриевски, Ливерпул ќе го купи Мамардашвили и ќе го остави на позајмица во Валенсија

Ливерпул и Валенсија се блиску до договор околу трансферот на голманот Георги Мамардашвили.

Англиските медиуми тврдат дека фиксниот дел од обештетувањето е нешто повеќе од 30.000.000 евра, а целата операција, со бонусите може да достигне до 40.000.000 евра.

Грузиецот откако ќе го реализира трансферот ќе биде испратен на позаимица. Новост е што Ливерпул нема да го испрати на позајмица во Премиер лигата, најголем интерес пројави Борнмут, туку ќе го остави 23 годишнио голман во Валенсија.

Ова се лоши вести за македонскиот репрезентативец Столе Димитриевски, кој летово како слободен играч пристигна на „Местаља“. Димитриевски дојде во Валенсија со цел дека ќе биде прв голман, знаејќи дека клубот работи на продажбата на Мамардашвили.

Доколку Грузиецот остане во Валенсија, јасно е дека тој ќе биде прв голман. Мамадаршвили бранеше во саботата, во првото коло против Барселона.

Можно е Димитиревски да го напушти клубот. Шпанците тврдат дека тој има клаузула во договорот, според која може да го напушти клубот до крајот на преодниот рок доколку не биде прв голман.

Scroll to Top