Top Sport

Лоши вести за Мурињо, Заниоло е повреден

Фудбалерот на Рома, Николо Заниоло се повреди на натпреварот од второто коло во Серија А против Кремонезе. Рома минимално со 1:0 го победи Кремонезе со голот на Крис Смолинг во 65. минута.

Николо Заниоло, теренот го напушти во првото полувреме, кога го повреди рамото. Тој од тимот ќе отсуствува еден месец.

Среќата во несреќата е што нема скршеница на клучната коска, ниту пак мора да се оперира.

Во само два дена ова е втора повреда на играч од стартниот тим на Рома. Претходно, Жозе Мурињо, остана без Џини Вајналдум, кој во неделата, на тренингот, ја скрши ногата, поради што ќе отсуствува до крајот на годината.

Scroll to Top