Челси стигна до 2:0 победа над Тотенхем на „Стемфорд Бриџ“ во првиот меч од полуфиналето на Англискиот лига куп (Карабао купот), во првото враќање на Антонио Конте кај стариот клуб, и првиот меч за Ромелу Лукаку (како стартер) по контроверзното интервју и исфрлањето од тимот на „сините“.
Предноста „сините“ ја направија во првото полувреме, во кое доминираа во играта и со помош на два автогола на Тотенхем дојдоа до 2:0 предност. Каи Хаверц во 5. минута од мечот имаше одлично пробивање во шестнаесетникот на Тотенхем, и неговиот удар се одби од дефанзивците на гостите за 1:0 водство, пред во 34. минута од мечот, Бен Дејвис да си постигне смешен автогол за 2:0.
Во второто полуфинале од Лига купот, утре требаа да играат Ливерпул и Арсенал, но ЕФЛ го одложи мечот поради големиот број на позитивни случаи на КОВИД-19 во тимот на Ливерпул.