Top Sport

Лошо за Србија бидејќи за Швајцарија играат многу Албанци?

Србија доби „просечна“ група на Светското првенство во Русија во 2018 година, откако ќе се судрат со репрезентациите на Бразил, Швајцарија и Костарика.

Никола Лазетиќ, поранешниот фудбалер на Црвена звезда, вели дека ждрепката воопшто не е добра и дека жали што мораат да се судрат со Швајцарија.

„Групата лаже ако ја сфатиме несериозно, бидејќи изгледа полесно од другите опции. Жал ми е што ги добивме Швајцарците, бидејќи таму играат доста Албанци, и ќе биде потешко за нас Србите да играме против нив. Сепак, се надевам на победа“, изјави Лазетиќ, кој инаку е роден во Косовска Митровица.

Помеѓу швајцарските фудбалери кои имаат албанско потекло тука се Гранит Џака од Арсенал, Валон Бехрами од Удинезе, Блерим Џемаили од Монтреал, Џердан Шаќири од Стоук и Адмир Мехмеди од Баер Леверкузен. Мехмеди и Џемаили се родени во Македонија – Мехмеди во Гостивар, а Џемаили во Боговиње.

Швајцарскиот состав е навистина мултиетничен, па тука се и Харис Сеферовиќ (бошњачко потелко), Марио Гаврановиќ (хрватско потекло), Денис Закарија (суданско потекло) и Рикардо Родригез (шпанско-чилеанско потекло).

Тренер на Швајцарија е Босанецот со хрватско потекло, Владимир Петковиќ, кој претходно најави дека би сакал да ја „избегне“ Србија во ждрепката, но сега вели дека главната цел е да се мине групата.

„Бразил не е поважен од другите репрезентации и секогаш се бориме да бидеме подобри од другите. Костарика заврши на второто место во Северна Америка зад Мексико, така што не се лош тим. Србија сега има вистински тим, додека во минатото имаше многу добри поединци, но слаба репрезентација. Одиме во Русија да ја минеме групата. За понатаму ќе видиме“, вели Петковиќ.

Швајцарецот Петковиќ: Со Хрватска во полуфинале, но без Србија во група

Scroll to Top