Претседателот на Лацио, Клаудио Лотито не сакаше многу да зборува за пристигнувањето на Пауло Дибала во Рома, посочувајќи дека неговиот клуб не „продава соништа, туку реалност“.
Илјадници фанови на „волчицата“ го пречекаа Аргентинецот Дибала оваа недела по слободниот трансфер од Јувентус, во зделка која во Италија се гледа како на голем трансфер на Рома и потврдување на амбициите на тимот на Жозе Мурињо. Лотито не е импресиониран од градските ривали.
„Не ја гледав презентацијата на Дибала во Рим и во секој случај неговото пристигнување не влијае воопшто на мене, бидејќи не продавам соништа, туку реалност. Не собираме Панини сликички, така што не ни е грижа. Лотито носи резултати. Фактите велат дека по Јувентус ние сме италијанскиот клуб кој победува најмногу во последните години. Знам дека навивачите на Лацио секогаш мора да кажат нешто, дури по освојување на трофеј. Не знам дали трансферите на Рома се за насловните страници. Лацио донесе шест фудбалери и можеби ќе купи уште некој. Не носиме засилувања поради естетски причини“, вели Лотито.
#Lotito: 'Nessun caso #Acerbi. #Dybala alla #Roma? Non collezioniamo figurine, forse faremo altro in entrata' https://t.co/PzShO76ZKw
— calciomercato.com (@cmdotcom) July 28, 2022