Баерн Минхен го комплетираше трансферот на 16-годишниот Адам Азну од Барселона, кој потпиша долгогодишен договор со германските шампиони. Тинејџерот, кој игра на позиција на бек, се сметаше за еден од најдобрите таленти во „Ла масија“ и за Баварците претставува слатка одмазда откако го продадоа Роберт Левандовски на каталонскиот клуб.
Роден во Барселона од родители кои пристигнале од Мароко, Азну доби понуда за професионален договор од Барселона, но младинскиот шпански репрезентативец решил да замине од „Ноу Камп“.
„Баерн се бореа за мене и затоа сум пресреќен што пристигнав во овој голем клуб каде што ќе ја продолжам мојата фудбалска едукација“, изјави Азну.
Тој е втор тинејџер кој оваа недела пристигнува во Баерн по францускиот напаѓач Матис Тел, кој дојде од Рен за 28.5 милиони евра.
Looking g?⚪d! ?#MiaSanMia #FCBayern #FCBayernCampus pic.twitter.com/Z6nO7cwmaq
— FC Bayern Campus (@fcbayerncampus) July 28, 2022