Претседателот на Лацио, Клаудио Лотито тврди дека тренерот Симоне Инзаги веќе го продолжил договорот со клубот, откако интерес за него покажаа Јувентус и Милан, кои уште се без тренер.
Лотито во интервју за „Радио РАИ“ објави дека 43-годишниот поранешен напаѓач на „аквиле“ сигурно останува и треба само да се одредат деталите.
„Го обновуваме договорот на Инзаги. Ова е обновување, и покрај тоа што се велеше во печатот, кое сите го очекувавме. Никогаш не сум кажал дека тој ќе си оди. Сега почнуваме да постсавуваме цели кои последните три години беа на дофат, но не ги достигнавме. Формалностите треба да се утврдат, но договорот е постигнат“, вели Лотито.
Инзаги во три сезони на чело на Лацио двапати ги донесе до петтото место во Серија А, а оваа сезона го освои и трофејот од Копа Италија.