Top Sport

Ван Гал: Вудвард има нула познавање од фудбалот

Поранешниот менаџер на Манчестер јунајтед, Луис ван Гал влезе во неверојатен напад на извршниот потпретседател на „ѓаволите“, Ед Вудвард, велејќи дека е зачудувачки што му е дадена така висока позиција на „инвестициски банкар“.

Вудвард пристигна на „Олд Трафорд“ по преземањето на клубот од семејството Глејзер во 2005 година, а од 2012 година е на оваа позиција, по што беше мета на големи критики за политиката на клубот, и Ван Гал вели дека тој едноставно има „нула познавање од фудбалот“.

„Во Баерн луѓето кои го водат клубот се фудбалски луѓе. Тоа секогаш сум го ценел. Во Манчестер јунајтед, пак, Ед Вудвард беше поставен како извршен директор, некој со нула познавање на фудбалот, кој претходно беше инвестициски банкар. Не може да биде добро клубот да се води само од комерцијален мотив“, вели Ван Гал, кој доби отказ од Манчестер јунајтед откако го освои трофејот од ФА купот во 2016 година за да направи место за Жозе Мурињо.

Тој вели дека не му се лути на тимот за смената, но дека е зачудувачки што се ослободија и од Мурињо.

„Не можам да се лутам на клубот. Го сакаа Мурињо и тој беше на пазарот и тоа беше интересно од бизнис-страната на спортот. Тој победува со клубовите и за клуб како Јунајтед најважно е да се освојуваат трофеи. Како се освојуваат не е важно, бидејќи англиските фанови се поинакви“, додава Ван Гал.

Scroll to Top