Претседателот на Лацио, Клаудио Лотито тврди дека неговите фудбалери ќе бидат сосема безбедни да продолжат со тренинзите во центарот во Формело со потребни услови за „удобност и санитација“.
Лацио е најгласниот клуб околу продолжувањето на сезоната во Серија А, најмногу поради фактот што се на само еден поен од лидерот Јувентус на табелата. Лотито тврди дека тие беа први кои престанаа со тренинзи, но додава дека има сосема безбедни услови за работа.
„Никој не сака да го загрози здравјето на луѓето. Сите активности може да се извршуваат доколку се завршени сите постсапки за заштита и безбедност. Фудбалерите се во поинаква физичка подготвеност од обичните луѓе и постојано се под медицински надзор, така што сосема е безбедно да работат без да се закана за никого. Нашиот спортски центар во Формело е целосно опремен, имаме маски, ракавици и очила за сите кои работат. Лацио е големо семејство кое се грижи за доброто и квалитетот на животот на секој фудбалер и нивните семејства“, вели Лотито.