Претседателот на Лацио, Клаудио Лотито инсистира дека Сергеј Милинковиќ-Савиќ нема да биде продаден во текот на летниот преоден рок и додава дека „сигурно нема да отиде во Јувентус“.
Манчестер јунајтед и Пари Сен-Жермен подолго време се заинтересирани за 27-годишниот српски репрезентативец, кој имаше 21 асистенции во Серија А ова лето, но во последно време италијанските медиуми шпекулираа дека тој е клучниот играч во изградбата на обновениот тим на Јувентус. Лацио бара најмалку 60 милиони евра, а Лотито не сака да го продаде на директни ривали.
„Сергеј не е на продажба, а сигурно нема да отиде во Јувентус“, изјави Лотито за „Тутоспорт“.
„Бјанконерите“ исто така преговарат со Пол Погба, кој може да се врати во Торино како слободен агент, а заинтересирани се и за Жоржињо од Челси.
#Lazio, #Lotito stizzito: "#Milinkovic-Savic non è in vendita e non andrà alla #Juve" ? https://t.co/Tzn0n3eqhA
— Tuttosport (@tuttosport) May 19, 2022