Top Sport

Британците со драстични казни за користење кокаин на трибините

Британската влада објави дека фудбалските навивачи кои ќе користат или ќе продаваат дроги од А класа (како кокаин) околу фудблските стадиони ќе добијат петгодишна забрана за влегување на стадион во обид да не се повторат сцените од минатогодишното Европско првенство.

„Навиката да водат војни на нашите улици и да ја зголемуваат мизеријата и криминалот низ Британија мора да престане. Затоа ги зголемуваме напорите за тие кои ќе го прекршат законот да ги сносат последиците, бидејќи користењето нелегални дроги никогаш не е криминал без жртви“, изјави британскиот премиер, Борис Џонсон.

Мерките доаѓаат по зголемувањето на бројот на инциденти на фудбалските натпревари, посебно на ЕУРО 2020, каде што повеќе фанови беа снимани како земаат кокаин. Статистиката на британската полиција покажува дека во однос на сезоната 2019/20 има дури 36 отсто повеќе случаи на нереди на фудбалските натпревари.

Scroll to Top