Претседателот на Лацио Клаудио Лотито нема ништо низ плеј-оф со Јувентус да биде решен шампионот во Серија А.
Серија А е прекината на 12 кола до крајот на сезоната. На табелата Јувентус има поен повеќе од Лацио.
„Во првито дел од сезоната го победивме Јувентус со 3:1 и во Суперкупот победивме со 3:1. Треба да го одиграме вториот натпревар во првенството. Интер има осум поени помалку од нас, а Аталната 14. Не знам дали и тие треба да бидат вклучени за да имаме фер разврска. Би прифатил плеј-оф“, рекол Лотито.
„Ние сме во најлоша позиција доколку лигата се одигра до крај. Верувавме дека не можеме да играме на три фронта, ја жртвувавме Лига Европа за да играме еден натпревар неделно. Доколку сега продолжиме да играме, сите ќе играме по два натпревари неделно. Ние ќе ја изгубиме предноста. Сепак размислувам и за интересите на другите клубови“, заклучил Лотито.