Претседателот на Лацио на ретка прес-конференција застана во одбрана на тренерот Симоне Инзаги по шпекулациите во италијанскиот печат дека тој наскоро ќе добие отказ, велејќи дека тој останува тренер барем уште неколку години.
„Бјанкочелестите“ немаат победа во последните четири натпревари и Лотито реши да направи прва прес-конференција по четири години да се осврне на формата на клубот.
„Не зборував четири години, но денеска решив да го направам тоа за да ја разјаснам ситуацијата на нашиот клуб. Од мојата десна е моето кумче Инзаги, од левата страна другото кумче, Таре, а тука е и Анџелино Перуци со кого секој ден го разгледуваме нашиот тим. Сакаат да не дестабилизираат со овие вести, но ние сме семејство. Кога имаш многу деца, секогаш има различни погледи на работите, но кај нас нема проблеми. Тренерот ќе биде тука следните неколку години, исто како и спортскиот директор и менаџерот на клубот Перуци. Сакам печатот и медиумите да не почитуваат и да не лажат за нашата состојба“, вели Лотито.
?️ Alcuni passaggi della conferenza stampa del Presidente #Lotito ed il DS #Tare ⤵️https://t.co/wFDzbeMQ2k
— S.S.Lazio (@OfficialSSLazio) December 6, 2018