Top Sport

Лотито: За колку е продаден Погба? СМС вреди повеќе

Претседателот на Лацио, Клаудио Лотито, не сака да остане без Сергеј Милинковиќ-Савиќ (СМС), за помалку од 120 милиони евра.

Трансфер сагата на СМС се претвори во „шпанска серија“, трае со месеци. Тој наводно е блиску до заминување, а на него чекаат Реал, ПСЖ, Манчестер јунајтед…

„Сергеј е најдобриот млад играч од редот за врска во светот. Кај него има уште простор за напредување. Сепак досега ниту еден клуб не испрати конкретна понуда. Не сум добил никакви понуди од Милан и Јувентус, ниту пак од Реал и Манчестер јунајтед.

Потоа тој направил неверојатна споредба за да објасни зошто цената што ја бара за СМС е толку голема.

„Сигурно е дека јас не инсистирам тој да биде продаден, но кога веќе ме прашувате колкава е неговата цена само ќе ве потсетам дека лани одбив 110 милиони евра. За колку пари Погба беше продаден во Манчестер јунајтед, за 110 милиони евра? Тогаш СМС вреди повеќе, бидејќи е подобар играч од Погба. Сега да ги известам сите, дека не сум заинтересиран за позајмици, ниту било какви други технички поделби“, рекол претседателот на Лацио.

Scroll to Top