Top Sport

Видовте ли во какви патики играше Башиќ против Ѓоковиќ

Тенисерот од Босна и Херцеговина, Мирза Башиќ, вчера неочекувано доби шанса да игра во 1.коло, на Мастерс турнирот во Торонто. Башиќ како „лаки лузер“, доби покана од организаторот да настапи на главниот турнир, а негов против беше Новак Ѓоковиќ.

Башиќ му пружи добар отпор на фаворитот, одигра најдобро во кариерата, иако загуби 3:6, 6:7.

Сепак тема на денот во тениските кругови се патиките во кои играше Башиќ против Ѓоковиќ.

Очигледно, Башиќ, не очекувал дека ќе добие покана од организаторот, поради што носеше патики со ликот на Ѓоковиќ и напис „Новак про“. Патиките му ги позајмил токму Ѓоковиќ.

Инаку, оваа серија на „Адидас“, Ѓоковиќ ја носеше минатата сезона, а од оваа тој носи патики на „Асикс“.

Scroll to Top