Top Sport

Ловрен: Јас сакав да си одам од Ливерпул, Клоп не ми даде

Хрватскиот репрезентативец Дејан Ловрен признава дека бил многу блиску до трансфер од Ливерпул ова лето, бидејќи два италијански клубови го барале на позајмица, но додава дека последниот збор го имал менаџерот Јирген Клоп, кој го убедил да остане.

„Да, размислував да си заминам, бидејќи го одиграв најдоброто во Ливерпул и ја освоив Лигата на шампионите. Не сум човек кој сака да седи на клупата и да заработува пари. Некои луѓе ме советуваа да не се грижам, да молчам и да заработувам. Милан ме бараше, Рома беше поупорна, но не се случи. Не требаше да се докажувам и не заслужив да одам некаде да се докажувам“, вели Ловрен.

Тој, сепак, вели дека е благодарен на „црвените“ што застанале зад него.

„Клоп ми кажа: ’Слушај, ти си топ-класа, нема да те пуштам на позајмица, ни требаш’. Бев збунет бидејќи знаев дека ќе морам да бидам и на клупата, но има многу натпревари и можно е да добијам место“, вели Ловрен.

Scroll to Top