Top Sport

Бенчич со прво гренд слем полуфинале на Флешинг Медоуз

Швајцарката Белинда Бенчич се пласираше во полуфиналето на САД опен, откако во четврт-финалето по тешка битка со 7:6(5)/6:3 ја победи Хрватката Дона Векиќ, која го играше своето прво гренд слем четврт-финале.

22-годишната Бенчич губеше со брејк во првиот сет додека Векиќ сервираше за сетот, но успеа да се врати со четири поени во низа и да примора тај-брејк. Во вториот сет повторно беше израмнето до 3:3, пред Бенчич да го направи клучниот брејк за да го комплетира мечот.

Во полуфиналето, Бенчич ќе игра со подобриот од дуелот помеѓу канадската тениска сензација Бјанка Андреску и Белгијката Елизе Мертенс. Во второто полуфинале ќе се сретнат фаворитките за титулата, американската ветеранка Серена Вилијамс и Украинката Елина Свитолина.

Scroll to Top