Top Sport

Ловрен: Јирген Клоп ми призна дека им недостасувам

Поранешниот дефанзивец на Ливерпул, Дејан Ловрен вели дека Јирген Клоп му кажал дека тој недостасува во тимот, но инсистира дека не се кае што замина од „Енфилд“ и потпиша договор со Зенит Санкт Петерсбург.

31-годишниот Хрват си замина од Ливерпул по шест сезони и 185 настапи, откако добиваше големи критики за својата игра и добиваше се помалку шанси од Клоп, по што стана столб на одбраната на рускиот клуб. Од друга страна, Ливерпул се најдоа во дефанзивна криза по повредите на Виргил ван Дајк и Џо Гомез, и Ловрен вели дека сега би сакале тој да е таму.

„Не, воопшто не жалам за трансферот. Одлуката минатото лето беше цврста, да си заминам од Ливерпул и да не гледам наназад. Бев навреден минатата сезона кога не играв, но сега е поинаку. Мислам дека повеќе им недостасувам на Ливерпул, отколку тие мене. Јирген Клоп го знае тоа, бидејќи уште зборуваме. Ми напиша неодамна: ‘Ни недостасуваш’“, вели Ловрен за рускиот „Спорт-експрес“.

Scroll to Top