Top Sport

Умар Нурмагомедов го остави Морозов во несвест во УФЦ дебито

Умар Нурмагомедов, братучедот на УФЦ шампионот во лесна категорија Хабиб, ја оствари својата прва УФЦ победа на спектакуларен начин, „давејќи“ го поранешниот М-1 Глобал шампион, Сергеј Морозов на „Островот на борбите“ во Абу Даби.

Првата рунда беше конкурентна и иако Нурмагомедов покажа добар микс на удари, соборувања и транзиции, Морозов добро се држеше и самиот упати одлични удари. Во втората, 24-годишниот Нурмагомедов со нога го погоди Морозов во глава, и насоката на мечот се смени и Морозов немаше шанси, на крајот останувајќи во несвест по крајот на мечот.

Со братучедот Хабиб покрај рингот, Нурмагомедов го подобри својот скор во ММА борбите на 13-0, додека Казахстанецот Морозов доживеа пораз по пет победи во низа.

Scroll to Top