Top Sport

Ловрен како „џокер“ во обидот да се донесе Кулибали

Ливерпул се подготвени да го понудат хрватскиот репрезентативец Дејан Ловрен на Наполи во обид да го добијат Калиду Кулибали и да ја засилат и така страшната одбрана на новокрунисаниот англиски шампион.

Според „Тутоспорт“, Ливерпул се обидуваат да ја намалат цената од фантастични 90 милиони фунти за Кулибали со нудење на ветеранот Ловрен, кој имаше само 10 настапи за Ливерпул оваа сезона и има уште една година од договорот на „Енфилд“.

Претседателот на Наполи, Аурелио ди Лаурентис претходно неколку пати изјави дека не би го пуштил Сенегалецот за помалку од 60 милиони фунти.

Scroll to Top