Top Sport

Надал уште не е сигурен дали ќе оди во Њујорк

Рафаел Надал не е сигурен дали ќе ја брани својата титула од САД опен или е поумно да се подготвува за поход на 13-та титула од Ролан Гарос поради „грдиот“ распоред на последните два гренд слема во 2020.

Тенисот е на „пауза“ од средината на март и нема да се врати на програмата до почетокот на август. САД опен е закажан од 31 август до 13 септември на хардкорт терените во Њујорк, додека презакажаниот Ролан Гарос почнува само три недели подоцна. Меѓу нив се Мастерс турнирите на земја во Мадрид и Рим.

„Зборував со Рафа и тој се двоуми на кои турнири да учествува. Распоредот е навистина нереален, посебно за ветераните, кои не можат да се натпреваруваат толку многу недели во низа. Малку е грдо тоа што го направи АТП, и распоредот е против тенисерите како Рафа и Новак Ѓоковиќ“, вели Тони Надал, чичко и поранешен тренер на Рафа за „ЕСПН“.

Scroll to Top