Фудбалерот на ПАОК, поранешен репрезентативец на Хрватска, Дејан Ловрен, како гостин во емисијата „Другата страна на медалот“, одговарајќи на бројни прашања, мораше да се потсети на финалето на Светското првенство што го играше со Хрватска против Франција во 2018 година.
За потсетување, Хрватска, во Москва, го загуби тоа финале со 2:4. Светската титула ја освои Франција.
„Никогаш не го гледав тој натпревар, ги гледав само резимеата и головите затоа што излезе на „YouTube“. Секогаш ќе бидам лут на некои работи, тој фаул врз Гризман бидејќи не постоеше. Па, тој пенал… Затоа не сакам да го гледам тој натпревар. Едноставно, тие спомени, фрустрацијата, бесот повторно ќе се вратеа“, рече Ловрен и додаде:
„За жал, дали тоа беше политичка одлука, дали мораше да биде така? Не знам. Можеби повторно се теории на заговор, па ќе ми кажат повторно: „Еве го, повторно зборува“. Добро, изгубивме, тоа е. Којзнае што ќе се случеше ако го освоивме златото“.
Ловрен со Хрватска има и светски бронзен медал од Светското првенство одржано во Катар во 2022 година.
Во својата богата клупска кариера, тој славеше титули во националното првенство со Динамои Зенит од Санкт Петербург, а со Ливерпул ја освои Лигата на шампионите.
Foto/ depositphotos
