Top Sport

Ловрен пред трансфер во Рома

Хрватскиот репрезентативец Дејан Ловрен се наоѓал пред трансфер во Рома, пишува „Газета дело Спорт“.

Лиерпул за овој трансфер бараат 20 милиони евра, но поради добрите односи помеѓу клубовите, во Рома се надеваат дека за помалку пари ќе можат да го добијат дефанзивецот. За потсетување Ливерпул од Рома донесе двајца клучни играчи за освојување на лигата на шампионите, Мохамед Салах и голманот Алисон Бекер.

Ловерен не е во плановите на Јирген Клоп, барем не на долгорочни патеки. Како партнер во одбраната со Ван Дајк најчесто делува Жоел Матип.
Минатта сезона Хрватот одиграл само 18 напревари за Ливерпул.

Ловрен е играч на Ливерпул од 2014 година кога за сума од 25 милиони евра пристигнал од Саутемптон.

Scroll to Top