Top Sport

Се чека Тотенхем да го потврдат Ло Селсо

Европскиот вице-правак Тотенхем наскоро се очекува да официјализира трансферот на Џовани Ло Селсо. Аргентинецот од Бетис се поврзува со Тотенхем од почетокот на преодниот рок.

Ло Селсо минатата сезона ја започна како позајмен играч во Бетис од Пари Сен Жермен. Во јануарскиот преоден рок Бетис ја искористија можноста и го откупија неговиот договор за 20 милиони евра.

За клубот од „Бенито Вилјамарин“ ова ќе биде одлична зделка бидејќи од трансферот на Ло Селсо ќе заработат три пати повеќе пари од она што го вложија во фудбалерот.

Тотенхем ќе плати околу 60 милиони евра. Ло Селсо ќе потпише четири годишен договор и по сезона ќе заработува четири милиони евра.

Scroll to Top