Top Sport

Ловрен пред трансфер во Серија А

Репрезентативецот на хрватска, Дејан Ловрен (30), кариерата ќе ја продолжи во Серија А, тврдат италијанските медиуми. Неговиот актуелен клуб, Зенит, бил подготвен да го продаде Ловрен, шест месеци пред истекот на неговиот договор.

Лацио, според овие извори, веќе испратил понуда во Русија за ангажман на Ловрен. Капитен на Зенит во клубот пристигна пред две и пол години во трансфер вреден 12 милиони евра од Ливерпул.

За Зенит одигра 63 натпревари и постигна три гола и запиша четири асистенции. Летово беше објавено дека градскиот ривал на Лацио, Рома ја следи ситуацијата околу Ловрен, но ништо конкретно не се случи.

Ловрен не играше шест месеци минатата сезона, од декември 2021 до јуни 2022 година. Сепак успеа да ја врати формата и да биде еден од главните играчи на Хрватска на Светското првенство во Катар.

Според „Трансфермаркт“, Ловрен вреди 3,5 милиони евра.

Scroll to Top