Top Sport

Ловрен: Рамос мораше да плати за повредата на Салах, намерно го удрив

Дејан Ловрен, во интервју за египетската телевизија „Сада Ел Балад“, признал дека намерно го удрил Серхио Рамос, на дуелот Хрватска-Шпанија (3:2). Ловрен сакал да му се одмазди за повредата на Мохамед Салах, во финалето на Лигата на шампиони во 2018 година.

Реал Мадрид и Ливерпул, во 2018 година во Киев, го одиграа финалето во Лигата на шампионите. Реал победија со 3.1, а прашање е каков тек ќе имаше дуелот доколку Салах беше на теренот.

Египѓанецот, по еден дуел со Серхи Рамос, го напушти теренот по само 20-минути. Ловрен е убден дека Рамос имал намера да го повреди Салах, поради тоа решил да се одмазди.

„Дали поради Салах намерно го удрив Рамос? Можно е. Лука Модриќ се обидуваше од самиот почеток да ја намали тензијата помеѓу мене и Рамос, кога игравме против Шпанија. Сепак, намерно го удрив и му кажав: ‘Сега сме изедначени’. Го почитувам Рамос како играч, но не ми се допаѓа неговото однесување“, рекол Ловрен.

„Мислам дека Рамос намерно го повреди мојот пријател Салах, мораше да плати. Во финалето бевме подобри, а повредата на Салах беше страшен удар за нас. Кога тој излезе Реал започна да доминира на теренот“.

Дејан Ловрен, во 2019 година го напушти Ливерпул и се пресели во Зенит.

Scroll to Top