Top Sport

Ловрен: Се надевам дека еден ден Гвардиол ќе ме спомене како ментор

Ветеранот на хрватската репрезентација, Дејан Ловрен признава дека е импресиониран од квалитетите на неговиот соиграч Јошко Гвардиол, кој иако има само 20 години се покажа како клучен човек во обраната на „коцкестите“, токму во партнерство со поранешниот фудбалер на Ливерпул.

Ловрен, кој сега игра во рускиот Зенит Санкт Петерсбург, оценува дека не е чудо што најголемите европски клубови се заинтересирани за бекот на РБ Лајпциг.

„Кога јас бев клинец, ги следев Шимуниќ, Ковач и други. Ги гледав и внимавав што правеа и ги слушав нивните совети. Сега, јас имам таква улога. Можеби тие беа малку поостри кон мене. Се обидувам да го советувам Јошко што е можно повеќе. Тој секогаш те слуша и мислам дека е далеку пред мене кога јас имав 20 години. Има квалитет кој веќе го покжа и не е чудо што сите се интересираат само за него. Се надевам дека еден ден ќе ме спомене како ментор“, вели Ловрен.

Хрватска има два дена одмор на Мундијалот, пред во петок да се судри со првиот фаворит за титулата, Бразил, во четврт-финалето.

Scroll to Top