Олимпик Лион го официјализираше трансферот на хрватскиот репрезентативец, Дејан Ловрен.
33. годишниот хрватски дефанзивец шест месеци пред истекот на договорот го напушти Зенит. Ловрен на тој начин се врати во клубот каде ја започна својата интернационална кариера во 2010 година, кога од Динамо дојде во Лион за кој одигра 102 натпревари за три и пол години.
„Многу сум среќен што се враќам во Олимпик. Тоа е клубот кој ми ја отвори вратата на меѓународниот фудбал и никогаш не сум го заборавил тоа. Имам многу спомени и врски со Лион, особено со претседателот Жан-Мишел Ола, кој секогаш ме поддржуваше. Кога заминав во 2013 година, ми беше жал бидејќи имав чувство дека не сум направил и покажал доволно. Сакам на сите да им покажам каков играч сум навистина“, рече Ловрен во својата прва изјава за веб-страницата на Олимпика.
Ловрен потпиша договор со тимот на Лоран Блан до 2025 година, а руските медиуми пренесуваат дека Зенит добил два милиони евра како обесштетување.