Top Sport

Ловрен: Сега уште повеќе ќе навивам за Ѓоковиќ

Хрватскиот репрезентативец, фудбалерот на Зенит Санкт Петерсбург, Дејан Ловрен, му даде целосна поддршка на Новак Ѓоковиќ по бизарната шестчасовна „одисеја“ на аеродромот во Мелбурн, по која не му беше дозволен влез во земјата бидејќи не е вакциниран против КОВИД-19.

Ексфудбалерот на Ливерпул, Ловрен, кој слично како Ѓоковиќ, е скептик околу корисноста на вакцините за КОВИД-19, се јави преку социјалните мрежи, порачувајќи дека сега неговата поддршка за Србинот ќе биде поголема.

„Сега уште повеќе навивам Новак Ѓоковиќ да го освои 21. гренд слем. Држи се Ноле“, напиша Ловрен на Твитер.

Ловрен: Никој нема да ме натера да се вакцинирам

 

Scroll to Top