Хрватскиот ветеран и фудбалер на Зенит Санкт Петерсбург, Дејан Ловрен е предмет на потсмев на социјалните мрежи откако си постигна фантастичен автогол во дербито со Спартак Москва, уништувајќи го сопствениот голман Андреј Луњов во моменти кога немаше опасност за него.
И покрај овој кикс, Зенит победија со 3:1 и ја зголемија предноста на врвот на Руската Премиер лига на шест поени пред Спартак.
Ловрен пристигна на „Газпром арената“ од Ливерпул, клубот со кој ја освои Лигата на шампионите и Премиер лигата, но веќе не беше во плановите на Јирген Клоп.
Only Dejan Lovren could do this: pic.twitter.com/xEnwo4zuaJ
— Watch LFC (@Watch_LFC) December 16, 2020